Пренџов: Пратениците во вторник, во 9 часот да влезат во АНБ и да се види што се случувало таму
Љупчо Пренџов од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието изјави дека не ја разбира денешната прес-конференција на пратеникот Скендер Реџепи од Европскиот фронт.
Предложи во вторник, на 9 септември во 9 часот пртениците преку Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање да влезат во Агенцијата за национална безбедноство (АНБ) и да се види што се случувало таму, а се друго, како што рече, е обичен фоклор.
– По нашиот повик за итна седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, односно утврдување на датум за посета на Агенцијата национална безбедност, сите политички чинители беа „за“. Второ, актуелниот претседател на Комисијата Скендер Реџепи од Европскиот фронт на ДУИ, веднаш по мене имаше прес-конференција на која што кажа дека тој нема да свика Комисија, дека нема ништо против да ја свика Комисијата претседателот на Собранието Гаши и тоа нема да биде првпат. Зошто? Затоа што пред неколку месеци ние имавме седница на Комисијата, што ја водеше пратеник од опозицијата, а тоа е колешката Славјанка Петровска, рече Пренџов.
– И затоа не ја разбирам оваа денешна прес-конференција. Она кое што е императив, наш императив, е на деветти, во девет часот наутро, Комисијата за надзор да биде во АНБ. Значи, првиот работен ден од денес, Комисијата да биде во АНБ со цел да се запознае со сите списи и сите документи за оно што се случувало. Се друго, освен тоа, е изигрување на волјата на граѓаните и на јавниот интерес бидејќи најбрзо посета во АНБ е дел од јавниот интерес. Дали ќе има денес Комисија во 14, во 18 или во 22 часот, дали кај ја води Скендар Реџепи или госпоѓата Славјанка Петровска, е техничка работа. Суштинска работа е, првиот работен ден од денес, вторник во девет наутро Комисијата да биде во АНБ, појасни Пренџов.
Најави дека по оваа прес-конференција ќе побара прием кај претседателот на Собранието Гаши и со службите да се види како тоа правно да се заврши. Императив е, како што рече, денеска да има седница на Комисијата.