Македонските пингпонгари го имаа првиот настап на меѓународниот турнир
Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ денеска стартуваа мечевите на меѓународниот пинпонгарски турнир од светски ранг Контендер Скопје 2025.
Македонските претставници имаа настапи во поединечна конкуренција, како и во мешани двојки. На турнирот настапуваат пингпонгари и пингпонгарки во две возрасни категории – до 15 и до 19 години. На турнирот настапуваат повеќе од 100 учесници.
Натпреварите ќе се одржуваат до недела, а почетокот во деновите од викендот е во 9:30 часот. Влезот во салата е слободен.