ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го чува во фиока „Рекет 2“ и ги штити функционерите на СДС и ДУИ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека судско-обвинителскиот систем продолжува да го прикрива криминалот на СДС и ДУИ, а Основното јавно обвинителство намерно го чува предметот „Рекет 2“ во фиока.

 

„Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од два отсто продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО верно им служи на оние кои го изгласаа – СДС и ДУИ,“ се наведува во партиското соопштение.

Според информациите, постои предмет „Рекет 2“ за кој обвинителството отворило предистражна постапка, но целиот процес бил стопиран. Во него биле опфатени поранешната претседателка на СЈО Катица Јанева и уште тројца обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен.

„Македонската јавност заслужува да знае дали овој случај се држи во фиока затоа што се кријат и се штитат лица од СДС и ДУИ. Заслужува да знае дали Коцевски е на чело на ЈО за да го гони криминалот или за да ги штити своите наредбодавци,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се додава дека изминатата година не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери на СДС и ДУИ, а ЈО мора да ги оправда платите кои ги добива од граѓаните и да почне да истражува криминални дејствија, наместо да ги чува предметите во фиока

Back to top button
Close