(Видео) Запален автомобилот на Галетановски-Чомбе во Кисела Вода

Галетановски за порталот ја потврдил информацијата, објаснувајќи дека автомобилот му бил паркиран пред зградата во која живее во скопската населба Кисела Вода.
-Автомобилот е „пепел“. Ми се јави брат ми, вели – ти гори автомобилот, се слушаат експлозии, гумите пукаат. Се симнав долу, веќе беше пристигната противпожарна екипа, а лицето што го направило ова е видено како бега, слаб, висок со дуксер. Позната е траекторијата на движење на лицето. Ниту сум скаран со некого ниту пак некој ми се заканувал. Апелирам до МВР и министерот што побрзо да го фатат сторителот. Не ми е за материјалната штета, туку за животот во Кисела Вода, не сакам младите да живеат со вакви проблеми во населбата каде сакам да има мирен живот и во Скопје да не се случуваат вакви работи, изјави за „Слободен печат“
На фејсбук се огласи Галетановски,потврди дека возилото целосно му е изгорено ,ги пофали пожарникарите а од полицијата побара да го најде сторителот .