МВР со детали за палењето на автомобилот на Галетановски во Кисела Вода

Запалено возило во скопската населба Аеродром предизвикало пожар во кој биле зафатени уште два автомобили, соопшти СВР Скопје.

-Денеска (09.09.2025) во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Иван Козаров“ во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓ.Г.(43) од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(47) од Скопје.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението

Back to top button
Close