Николоски: СДСМ преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ
Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги презентирав во 2019 година во еден ТВ дуел со Радмила Шеќеринска, каде јавно кажав дека имаме сериозни индиции за злоупотреба на безбедноснитеслужби, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш”, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
“Целта на тој мастер план беше да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Имаше три чекори. Првиот беше да се притворат што повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се случи промена на името, и тоа се случи. Вториот беше партијата да се стави на обвинителна клупа за терористичко дејствување и нелегално финансирање и делумно успееја во тој дел за нелегално финанисрање. Ја ставија на обвинителна клупа и се уште партијата е на обвинителна клупа, се уште имаме замрзнат имот. Третиот дел беше доколку успеат да ја осудат ВМРО-ДПМНЕ согласно закон, да се забрани политичко дејствување и воопшто да не може да учествуваме на избори.
Овој мастер план одеше дотаму да се забрани и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се бави со политичко дејствување. И ова беше смислено од тогашното раководство на СДС на чело со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, а не може да се амнестира ниту Димитар Ковачевски”- вели Николоски.
Агенцијата за безбедност до толку била злоупотребувана што секојдневно правеле лажни извештаи за раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека сме биле анти -западни и анти – НАТО, додаде Николоски.
-Од тој план беше злоупотребена Агенцијата, во контекс Ние да бидеме оцрнети пред стратешките партнери, пред се после членството во НАТО. Целта беше никој од нас да не може да добие безбедносен сертификат. Не им успеа во тоа, но се штанцале на дневна основа извештаи дека сме биле под вакво влијание или под такво влијание. Еве прв пат ќе кажам за мене дека сум бил под иранско-турско-унгарско влијание. На врвот на тие лажни извештаи според мои сознанија биле на удар и претседателот Мицкоски, Драган Ковачки, Антонио Молошоски, Владо Мисајлоски. За мене составувале белешки дека сум била анти-западен и анти-НАТО во услови кога бев потпретседател на Парламентарното Собрание на Совет на Европа, во услови кога бев шеф на мониторинг мисија што ги создаваше Советот на Европа и во услови кога Пријатели на Европа ме избраа во 2022 година во 40 највијателни личности под 40 години во Европа”.
Оваa битка е праведна бидејќи оваа биткa е на демократско ВМРО-ДПМНЕ и антидемократските структури кои не сакаат демократија во Македонија. Тоа нема да го дозволиме, дециден е Николоски.