Турски државјанин тешко се повредил во неготинско, а жителка на тиквешко село палејќи стари предмети предизвикала пожар
Турски државјанин тешко се повредил во неготинско, а жителка на тиквешко село палејќи стари предмети предизвикала пожар, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера во ОВР Неготино било пријавено дека околу 11:00 часот во фабрика во село Дуброво, неготинско, при извршување на работни задачи, О.У.(42) од Република Турција се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино, појаснија од СВР Велес.
Вчера попладне во 16:45 часот во село Кошани, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци, ја лишиле од слобода В.В.(34) од село Бегниште, кавадаречко, поради сомнение дека околу 14:00 часот на својата нива кај место викано „Рамна“ на локален пат село Бегниште – село Кошани, запалила стари предмети.
– Пожарот се проширил и зафатил родни дрва нејзина сопственост и три лозови насади, сопственост на М.Т.(41) и З.П.(45), двајцата од село Бегниште и К.Т.(74) од Кавадарци . Пожарот бил изгаснат од екипа на Теритријална противпожарна единица Кавадарци, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“, информираа од СВР Велес.