СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се виновни за депониите кои го трујат Скопје

На Скопје и на пола Македонија им се заканува еколошка катастрофа поради тоа што четири години ВМРО-ДПМНЕ не мрднаа со прст да го решат проблемот со депониите, се наведува во соопштението од СДСМ.

Секојдневно, стотици илјади граѓани се под закани на канцерогени материи, затоа што неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ дозволи дивите депонии да станат еколошки бомби.

 

Неспособното ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници се најголемата катастрофа за Скопје. Ветуваа дека сите депониии ќе ги исчстат и ќе најдат решение, после 4 години нема ништо од тоа. Резултатот е поразителен, задушен град и огромен ризик по здравјето на скопјани од канцерогени материи.

Орце Ѓорѓиевски нели е претседател на ЗЕЛС зошто се крие?

Треба да престане да бега, да излезе и да им каже на граѓаните зошто четири години не е решена депонијата Вардариште, зошто не е решена Дрисла, зошто ништо не е направено?

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го загушија Скопје и ја трујат Македонија, и токму тие се најголемите виновници за еколошката катастрофа што се случува.

Back to top button
Close