Осомничениот министер за трагедијата во Кочани Шабан Салиу кандидат за градоначалник на Шуто Оризари
Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР) и министер без ресор, Шабан Салиу, вчера вечер ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари.
„Стојам тука пред вас исполнет со гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот водена од ромската заедница, место каде секој камен шепоти приказни за нашата историја, култура и непокорен дух. Денес заеднички носиме одлука за нашата иднина, за чесно и одговорно управување со нашата општина,” порача Салиу во неговиот говор пред жителите на општина Шуто Оризари.
Во своето обраќање, тој ја претстави својата политичка визија и програма за модерна, функционална и достоинствена општина. Салиу најави дека приоритет ќе биде изградба на инфраструктура која ќе донесе квалитетен живот за сите жители, како што се асфалтирани улици до секој дом, проширен водовод и канализација, LED осветлување и безбедни пешачки патеки, како и нови социјални станови за семејствата што долго чекаат покрив над глава
Министерот Шабан Салиу е еден од осомничените за трагедијата во Кочанската дискотека во која загинаа 62 млади лица,извесен периот беше во притвор во затворот Шутка а потоа во куќен притвор.
Салиу беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување од 2008 до 2017 година, а заедно со уште неколку лица кои изминатите нешто повеќе од десет години ја вршеа функцијата директор на ДЗС, се најде осомничен во истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а речиси 200 беа повредени.
Тој беше уапсен кон средината на април, заедно со уште 22 лица во рамките на проширувањето на истрагата за катастрофалниот пожар. Меѓу уапсените тогаш беше и актуелниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН.
Поради потребите на истрагата, министерот без ресор и претседател на партијата Демократска сила на Ромите извесен период помина и во ефективен затворски притвор.
Оттаму беше пуштен кон крајот на мај, кога притворот му беше заменет со мерки на претпазливост.
Медиумите објавија фотографии како Салиу на задолшителното јавување во кривичниот суд дојде со министерскиот автомобил. Премиерот Мицкоовски се оглушуваше од брањата во јавноста дека требе да го разреши осомничениот министер обвинет дека има вина за трагедијата во Кочани.