Трча ли за Кочани “натпартискиот“ др Влатко за партиски градоначалник
„Независниот“ гинеколог Гроздановски и “Зависниот“ Влатко по се изгледа се нафати да ја игра играта на влаеачката ВМРО ДПМНЕ. Кочанчани блиски до др Влатко велат дека навистина бил добар и мирен човек и се чудат зошто се нафатил на играта да трча за градоначалник за Кочани а всушност да биде „скриен“ кандидат на владеачката ВМРО ДПМНЕ.
Велат дека тој од секоаш бил про вмровски определен но не бил член на партијата. Изненадени се што др Влатко ја прифатил „операцијата“ предводена од не баш омиленит во градот пратеникот Миле Левков,да биде преставен како „независен“ на овие избори иако како што велат сите знаат дека на времето партијата го вработила во болницата откако ги завршил медицинските студии според нив во Бугарија.
Впрочем пратеникот Левков синоќа отако портпролката Марија Јанчева објави дека ВМРО ДПМНЕ ке се обедини во подршката на „независниот“кандидат др Влатко Гроздановски за нов градоначалник на Кочани меѓу првите што на фб му честита беше токму пратеникот Миле Левков со повеќемина вмровци а Левков доби и инструкција на фб веројатно од сопартиец или симпатизер „одлично сработено сега останува уште и советот на општината “ .
Tака што обединувањето на портпаролката Марија околу „натпартискиот“ кандидат е најверојатно ништо друго туку перфидна игра со граѓаните на Кочани кои после се што им се случи заслужија барем чесен однос и отворени карти а не игри од Белата палата кои за воља на вистината беа оќекувани од нив.
А за „независноста“ велат моите Кочанчани жителите ја препознаваат играта ,останува само дали ке ја прифатат и ке му дозволат на ВМРО ДПМНЕ со победа да се „испере“ и да ја потврди мантрата дека граѓаните на изборите ќе го кажат својот суд што мислат за власта по трагедијата во која изгубија 62 деца.И ете со изборот на „натпартискиот“ кандидат Кочани пак да биде ВМРО ДПМНЕ,партија што мнозинството грагани и после се ја милуваат.