Петар Богојески – Бунтур „ќе толчел левичари“ особено од Македонија. Блуењето говор на омраза му станува навика
Контроверзниот лидер на десничарската минорна партија Македонски Концепт, коалициски партнер од неодамна во владеачката ВМРО ДПМНЕ како реакција за атентатот на Чарли Кирк близок на председателот Трамп преку фејсбук користејки говор на омраза кој му стана, по се изгледа, навика повикува да се „столчела гнасната левичарска рака низ целиот свет особено во САД и Македонија.
Згрозен од ваквиот коментар меѓу првите реагираше Роберт Милески од Струга кој има сопствена ИТ копанија но од патриотски причини се кандидира за независен кандат за Струга и подготвен е да се врати во родниот град доколку победи на изборите.
Роберт е десничар но е како што напишал дека е „страшно, морничаво и ужасно да повикуваш на насилство.
-Страшно! Морничаво! Да користиш нечија смрт за да повикаш на општо насилство кон левичари! Ужас! Дали навистина ние Македонците спаднавме на ова ниво? Како тоа ќе толчиме Македонци!? Ќе ги убиваме нашите роднини, пријатели, другари, само заради политичка инклинација? Ужас! Дали оваа држава воопшто има обвинителство!?
Па самото историско ВМРО го предводеле левичари како Гоце Делчев!
Вака јавно да се повикува на насилство е грозно! Hristijan Mickoski Дали воопшто гледаш со какви си фатил работа?
Да повикуваш на братоубиствена војна треба да си посебен вид на социо и психопат!
ПС: Убиецот сé уште не и е познат на полицијата, но еве Бунтур веќе го знае – напиша Милески.
Богојески беше поставен на позиција директор на ЕРАЗМУС но медиумите тогаш пренесоа дека Брисел веднаш потоа барал од МОН И Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да се исполнат одредени услови, во спроивно истата ќе биде суспендирана или затворена.
Поеталот Инфомакс тогаш наведе дека заминувањето на Богојески од институцијата е на барање на Брисел бидејќи ЕУ го смета за несоодветен избор за таа позиција.
Нагласи и дека до Министерството за образование и наука и Национална агенција за европски образовни програми и мобилност едека имаат рок од 30 дена да исполнат низа таксативно наброени услови доколку не сакаат суспензија или целосно затворање на агенцијата во Македонија и прекин на поддршката од Брисел.
Меѓу условите била промена на директорот, Петар Богојески.
Несудениот директор Богојески потоа беше избран за наставник на Катедра за општествени и хуманистички науки во Сектор за настава во Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.