Филипче: На ВМРО-ДПМНЕ како петарда во рацете ќе им пукне „аферата“ во АНБ која сакале да ја конструираат пред избори

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на прес-конференција осврнувајќи се на обвинувањата дека во Агенцијата за национална безбедност во времето на владеењето на СДСМ, наводно се вршени злоупотреби со наводно неовластено следење на тогашниот лидер на опозицијата Христијан Мицкоски и други лица, денеска уште еднаш побара да се декласифицираат материјалите. СДСМ според него ниту се плаши, ниту има од што да се плаши.

-Упорно баравме и бараме декласификација на материјалите. Ние немаме од што да бегаме. Вистината е една и таа ако излезе на виделина тогаш граѓаните ќе видат дека во времето на СДСМ немало злоупотреба на АНБ, ниту незаконско следење и прислушкување. Жалам што вчера ниту на пратениците не им бил даден увид во тие материјали иако имаат безбедносни сертификати и на ваков начин е погазен Уставот.

Не може во име на судската власт да се погази законодавната власт. На ВМРО-ДПМНЕ така ќе им пукне ова, како петарда во рацете, сакале да конструираат афера во предизборието. Да видиме од материјалите кои луѓе и групации биле пратени, зошто, дали премиерот комуницирал со нив, дали имало злоупотреба.

Зошто има потреба да се замајува јавноста? Механизмот е прост – декласификација. А може да декласифицира само таа институција што класифицира а тоа е АНБ. Апелирам да се декласифицира, да не се бега од вистината. СДСМ не се плаши од ништо, рече Филипче на прес-конференцијата.

Back to top button
Close