Во затворска ќелија на Нино Васев пронајдени три мобилни телефони, тој тврди не се негови

Пред почетокот на денешното судење за второто обвинение за финансиски криминал на скопската Клиника за онкологија против поранешните директори Нино Васев и Нехат Нухи, судијката Славица Наумовска Јосифовска информираше дека Судот добил известување од КПУ Затвор Скопје за пронајдени и одземени три мобилни телефони во келијата на Васев.

Тој тврди дека не се негови:

„Сакам да ве известам дека имаше повеќе контроли. Кај мене не е пронајден и не е одземен мој телефон“, изјави Васев.

Денеска започна првото судско рочиште за обвинението за финансискиот криминал на скопска Онкологија тежок 30 милиони евра.

Back to top button
Close