Сопственикот управникот и уште едно лице вечерва се приведени поради пожарот во фабриката за електронски отпад во Трубарево

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека управителот, сопственикот и уште едно лице се приведени поради пожарот во фабриката за електронски отпад во Трубарево.

Фото: Принтскрин

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја информираше јавноста дека три лица се приведени поради пожарот кој избувна во фабриката за преработка на електронски отпад во скопското село Трубарево.

Неофицијално, во полициска станица се наоѓаат управителот и сопственикот на погоните кои гореа, како и уште едно лице, а понатамошната постапка ќе се врши по насоки од Јавен обвинител.

Мерењата во непосредна близина на пожарот покажале дека има значително количество на штетни супстанци, но нема радиоактивно зрачење. Најзагрозени се граѓаните кои живеат најблиску до опожарениот објект во радиус од 150 метри, додека на 400 метри од изворот на пожарот, согласно мерните инструменти на Министерството за одбрана не е констатирано загадување.

– Препорачуваме на локалното население директно им се посочува да ги напуштат своите домови. Луѓето кои живеат до 400 метри ќе можат да се дислоцираат во центарот за обука во непосредна близина – изјави Тошковски.

За граѓаните Министерството за здравство ќе додели и заштитни маски поради токсичноста на воздухот во жариштето на пожарот.

Back to top button
Close