Toшковски: Не биле странски центри туку “старо купуем”, среде Вардариште живеат 200 луѓе, дел од нив постојано потпалуваат

Среде дивата депонија Вардариште живеат 200 луѓе, индициите се дека мал дел од нив потпалуваат, но ние не можеме да го ограничиме правото на пристап на тие луѓе, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за потпалувањето на дивата депонија која речиси секој ден ги труе луѓето што живеат во тој дел на градот.

– Среде депонија живеат над 200 луѓе. Страшно е од секој аспект, страшно е. Индициите се дека потпалувањата се сторени од мал дел од тие луѓе. Не можеме да го ограничиме правото на пристап на тие луѓе во Вардариште, овој проблем е таложен со години не може да го решиме тој проблем за една недела. Тие луѓе треба да бидат дислоцирани, местото да се исчисти, отпадот да се однесе на друга локација – вели Тошковски.

Тој вели дека треба посистематски пристап за оваа депонија, која се потпалува од 2020 година па наваму

Back to top button
Close