ДВОЈНО УБИСТВО ПА САМОУБИСТВО ВО ВЕЛЕС: Жртвата неколку пати го пријавувала насилникот, никој не реагирал

t

Двојно убиство па самоубиство се случило попладнево во Велес, неофицијално дознава Инфомакс.

Според информациите од терен, две лица се убиени од страна на невенчан сопруг на една од жртвите, по што и самиот се самоубил.

Според досега непотврдени информации жртвата неколку пати го пријавувала убиецот во полиција поради закани по нејзиниот и животот на нејзиниот татко, а исто така имало и случај со палење на возилото на жртвата.

Дополнително, жртвата била претходно претепана во нејзиниот дом заедно со нејзиниот дечко, од страна на поранешниот невенчан сопруг. Според извори од Велес, жртвата при пријавување на случаите им нагласила на полицајците во Велес дека не прават ништо и дека насилникот може да ја убие.

– Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(68) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт.
Увид врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот. – стои во соопштението од МВР.

Back to top button
Close