Комунистичката партија на Грција закачија пано на Акропол: „Стоп за геноцидот во Газа

Со пораките „Да се запре геноцидот“, „Да не постои никаква соработка со државата – убиец Израел“ и „Слобода за Палестина“, напишани на грчки и англиски јазик, членови на Комунистичката партија на Грција (ККЕ) и на подмладокот на партијата (КНЕ), рано утрово поставија гигантски паноа на Акропол, јави дописничката на МИА од Атина.

Од партијата, објавувајќи фотографии, соопштија дека целта била од Акропол да се испрати меѓународна порака на солидарност со палестинскиот народ.

 

Комунистичка партија Акропол

 

-Од споменикот на светското културно наследство, ККЕ и КНЕ испраќаат порака против варварството на империјалистичката војна, против злосторствата што ги врши Израел во Газа со поддршка од своите сојузници, соопштија од партијата.

Паралелно повикаа „да се признае палестинската држава во границите од 1967 година со главен град Источен Ерусалим

Back to top button
Close