ВИДЕО: Кога ќе се одржи седницата за формирање на Владата? За ТВ21 зборува Талат Џафери

Џафери за ТВ21, вели дека денес ќе се утврди бројот на потпретседатели на Собранието, бидејќи според регулативата и Уставот, Собранието може да има еден или повеќе потпретседатели.

„Дебатата дека ќе се одржи утре или задутре тоа е само преку политичките партии. Процедурите се јасни, но се уште тече рокот за доставување на предлогот за состав на нова Влада и програма. Додека не биде доставен предлогот јас не можам да кажам кога ќе има седница“, рече Џафери за ТВ21.

Претходно, лидерот на СДСМ, Зоран Заев за ТВ21 рече дека денешната седница се очекува да трае до доцна во ноќта, а дека предлогот за Влада, најверојатно ќе го достави утре.

Back to top button
Close