Манчестер Јунајтед бара замена за менаџерот Аморим

Поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт е потенцијалниот наследник на Рубен Аморим на менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед. Веста ја пренесуваат британските медиуми, откако Џим Ретклиф, акционерот со најмногу акции во последните недели е во контакт со Саутгејт.

Инаку, токму Ретклиф во неколку наврати истакнуваше дека Португалецот Аморим е вистинското решение за „црвените ѓаволи“.

Саутгејт осум години беше селектор на Англија, а имаше полуфинале на Светското првенство 2018 и две финалиња на Европските првенства (2021 и 2024), а во меѓувреме од јули минатата година е без ангажман.

Како „резерви“ се споменуваат и Оливер Глазнер менаџерот на Кристал Палас, како и Андони Ираола менаџерот на Бурнемут. Секако останува прашањето кога Аморим ќе добие отказ од позицијата менаџер на Манчестер Јунајтед.

Back to top button
Close