Струга нов лидер по триумфот над Пелистер, Вардар одигра нерешено со Башкими

Со победата од 2:0 против Пелистер екипата на Струга изби на првото место на табелата во Првата фудбалска лига. На вториот дуел од денешната програма од 8. коло во Куманово, Башкими и Вардар одиграа без голови 0:0. Со одигрувањето на овие два натпревара комплетирано е осмото коло.

Двата гола на натпреварот со Пелистер за Струга ги постигна резервистот Христијан Малески во финишот на натпреварот. Со новите три бодови Струга изби на првата позиција на табелата со 22 бода, додека Вардар и Шкендија имаат по 20 бодови.

На другите дуели од оваа рунда одиграни во деновите од викендот беа постигнати следниве резултати: Работнички – Брера 3:4, Шкендија – Силекс 2:0, Арсими – Шкупи 4:2 и Тиквеш – Македонија ЃП 2:1.

Back to top button
Close