Мојсоска поднесе ургенција до МВР и Обвинителство – дивоградбата си крена уште еден кат
Вчера, на денот на официјалното започнување на изборната кампања, пратеничката и кандидатка за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска ја отвори темата за дивоградбите во Струга, посочувајќи на конкретен случај во центарот на градот. Како што обзнани преку социјалните мрежи минатата недела поднела ургенција за итно постапување до Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Струга и овластениот градежен инспектор во општината, поради тоа што, како што наведува, „и покрај констатирани неправилности во градењето – дивоградбата во струшката чаршија си крена уште еден спрат“, се наведува во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално.
Мојсоска нагласува дека станува збор за уште еден феномен во градот:
„Во Струга се случува и тој феномен да се узурпира државно земјиште и незаконски да се гради среде бел ден, во центарот на градот, ама ниту МВР, ниту Обвинителство, ниту општината не можат да се справат со една дивоградба.“
Во ургенцијат Мојсоска бара продолжување на постапката за бесправно градење на објект и узурпација на државно земјиште, нагласувајќи дека и покрај започнатите управни и кривични постапки, изградбата продолжува.
„Оваа дивоградба (која е една од многуте) е олицетворение на комплетниот колапс и коруптивност на системот“, истакнува таа, додавајќи дека проблемот не е во една изолирана институција, туку во „комплетна спрега на непостапување на низа институции: јавното обвинителство во Струга, државните правобранители, општината, вишото јавно обвинителство, МВР итн.“
На крајот, Мојсоска ја поврза оваа тема со пошироката состојба во земјата:
„Ова само ја потврдува тезата дека во Македонија во секоја сфера е метастазирана корупцијата и безаконието – а за тоа се виновни сите партии кои биле дел од власта досега.“
Таа апелираше до граѓаните на Струга:
„Ако сакате ред во безредието во нашата Струга, на овие избори имате опција да заокружите број 6.“
https://www.facebook.com/photo/?fbid=10229645925347534&set=a.10201734168051046
ПП Левица