Трамп очекува заложниците на Хамас да бидат ослободени в понеделник
Американскиот претседател Доналд Трамп очекува заложниците што ги држи палестинското движење Хамас во Газа „да се вратат“ дома в понеделник.
Американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа посочи дека, покрај живите заробеници, на Израел ќе му бидат вратени и најмалку 28 тела на починати заложници.
Трамп додаде дека планира да го посети Каиро, по што ќе се обрати пред израелскиот Кнесет (Парламентот), пред да се врати во САД во вторник.