ФОТО: Трамп пристигна во Израел

Претседателот на САД, Доналд Трамп на израелскиот аеродром „Бен Гурион“ беше пречекан од претседателот и премиерот на Израел, Исак Херцог и Бенјамин Нетанјаху.

– Ова е одличен ден. Можеби вашиот најдобар ден, им кажа Трамп на Херцог и Нетанјаху.

 

Додека Нетанјаху одговори – „Ова е историја“.

Израелскиот амбасадор во Вашингтон, Јехиел Лајтер изјави дека Трамп му рекол: „Знаеш дека твојот син те гледа со насмевка, го знаеш тоа, нели?“

Синот на Лајтер, мајор Моше Једидија Лајтер, беше убиен во борбите во Појасот Газа во 2023 година

Back to top button
Close