Виткоф и Кушнер се сретнале со лидер на Хамас во Египет за да го финализираат договорот
Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер се сретнале со високиот функционер на Хамас, Халил ал-Хаја, во хотелот „Фор Сизонс“ во Шарм ел-Шеик минатата недела за да го финализираат договорот за ослободување на заложниците и прекин на огнот, јави Канал 12.
Катарската делегација ги повикала високите американски претставници да се сретнат со лидерот на милитантната исламистичка организација за да се надмине ќорсокакот во преговорите, пренесе Тајмс оф Израел.
Американскиот пратеник за заложници Адам Бојлер предизвикал гнев во Израел за време на претходните разговори, кога се сретнал директно со претставници на Хамас.