Меџити не гледа потреба од предвремени парламентарни избори

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, ги коментираше најновите политички случувања во земјата и барањата за предвремени парламентарни избори.

„Премиерот Христијан Мицкоски, пред два дена, беше многу јасен кога изјави дека нема да има предвремени избори. Истото го кажав и како вицепремиер“, нагласи Меџити.

Според него, на земјата во овој момент не ѝ се потребни избори, туку решенија и реализација на владината програма и ветувањата дадени на граѓаните.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски исто така изјави дека по локалните избори нема да се одржат предвремени парламентарни избори и најавува дека фокусот ќе биде на, како што изјави, расчистување во судството и обвинителството и одговорност од сите што ја злоупотребиле власта од т.н црна коалиција на „СДСМ, ДУИ и Левица“.

Предвремени избори ќе нема, имаме стабилна коалициска влада, која функционира одлично, изјави вчера Николоски, при посетата на Гостивар во рамки на кампањата за локалните избори. Според него, мандатот на владата ќе биде до 2028 година и тогаш ќе бидат и следните парламентарни избори

Back to top button
Close