Кривична пријава против лице од Слупчане – во матична книга извршил упис на лажен брак
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.З.(65) од с.Слупчане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.
Пријавениот во 2023 година извршил упис на брак во книгата за венчани за 2023 година, помеѓу лице од Албанија и лице од Унгарија, кој бил непостоечки. При увид во книга на пописни акти за 2023 година утврдено е дека во неа нема заведено барање за издавање на извод од матична книга на венчани помеѓу двете лица.