За локалните избори акредитирани се 1.451 набљудувач

Осмите Локални избори во Македонија ќе ги мониторираат 1.451 домашни и странски набљудувачи. ДИК акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Акредитирани за следење на изборите се и 12 странски новинари.

Најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје – 549.

Изборите ќе ги набљудуваат и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, Интерактив Битола со осум, Ромалитико-Скопје – 10, Здружение за општествен развој „ЗА ТЕТОВО“ – пет, Национален совет за родова рамноправност – 25, Здружение Планинарски спортски клув „КАБ Струга”, Струга – 16, Евротинк-Центар за европски стратегии – четворица, Здружение на граѓани ЦИВИЛ Центар за слобода – Скопје – 60, Здружение на граѓани за зајакнување на демократските вредности ТРИ СИ КОНСАЛТИНГ – Скопјe T – шест, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД – 27 набљудувачи, Национална мрежа Жените за жените – 20…

Според податоците од официјалната веб страна на ДИК, најмногу меѓународни набљудувачи на Локалните избори 2025 има акредитирано ОДИХР -Канцеларија за демократски институции и човекови права – 524, Aмбасада на САД во Скопје – 30, Европски Парламент – 12, Британска Амбасада во Скопје – 11, Државна Изборна Комисија на Хрватска – двајца, Унгарската амбасада – осум, Центар за развој, реформи и обуки на изборни систем Грузија – двајц а…

Back to top button
Close