Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без поголеми застои и пречки, информира Автомотосојузот на Македонија.
Коловозите на повеќето патни правци се влажни, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде што е можна појава на одрони.
Извор: fokus.mk