Ѓоковиќ го израмни рекордот на Федерер по обезбедени учества на Завршниот АТП турнир

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман на Завршниот АТП турнир.

Триесет и осумгодишниот Србин се квалификуваше на турнирот по 18-ти пат, израмнувајќи го рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер.

Завршниот АТП турнир во 2025 година ќе се одржи од 9 до 16 ноември во Торино.

Претходно, Шпанецот Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер, кои ги држат првите две места на АТП ранг-листата, се квалификуваа за турнирот.

Back to top button
Close