Брод со 35 мигранти се преврте во Средоземното Море, околу 20 лица се водат како исчезнати

– Брод со околу 35 мигранти, кој пловел од Либија, се преврте во централниот дел на Средоземното Море, при што едно лице го загуби животот, а околу 20 лица се водат како исчезнати, изјави денеска координаторот на УНИЦЕФ за Италија, Никола Дел Арчипрете.

Спасувачка операција е спроведена во близина на брегот на италијанскиот остров Лампедуза од страна на италијанската крајбрежна стража, која спаси 11 мигранти, меѓу кои четири деца кои патувале сами, и извлекла тело на бремена жена, рече Дел Арчипрете.

Преживеаните и телото на бремената жена се префрлени во Лампедуза, додека другите патници сè уште се водат како исчезнати.

Back to top button
Close