Романија сака да ги врати 90-те тони злато што ѝ ги дала на Русија на чување пред 100 години
Советникот на гувернерот на Националната банка на Романија, Кристијан Паунеску, повторно го покрена прашањето за враќање на романското злато, кое беше предадено на Русија на чување пред речиси 100 години, додавајќи дека тоа е морална обврска на Романците, објавија денес медиумите во таа земја.
Вредноста на 90 тони злато денес изнесува 8 милијарди евра, објавува веб-страницата Digi24.ro.
Како што е наведено, беа испробани сите методи на преговори, но поранешниот Советски Сојуз, а подоцна и Русија, го игнорираа овој долг