Полска го предупреди Путин да не патува низ нејзиниот воздушен простор
Полска денеска го предупреди рускиот претседател Владимир Путин да не патува низ нејзиниот воздушен простор за самитот во Унгарија со американскиот претседател Доналд Трамп. Во тој, случај како што наведува официјална Варшава, Полска би можела да биде принудена да изврши меѓународен налог за апсење на Владимир Путин доколку тој влезе во воздушниот простор на земјата.
Рускиот претседател Владимир Путин / Фото: Принтскрин
Трамп минатата недела изјави дека планира да се сретне со Путин во унгарскиот главен град Будимпешта, во рамките на неговите напори да посредува за ставање крај на војната во Украина.
Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Шикорски, изјави дека не може да гарантира дека независен полски суд нема да ѝ наложи на владата да го приземји авионот и да го предаде Путин на Меѓународниот кривичен суд (МКС).
Шикорски вели дека наредбата на МКС ги обврзува земјите членки на судот да го уапсат Путин ако стапне на нивна територија.
„Мислам дека руската страна е свесна за ова“,
рече тој, додавајќи дека авионот што го превезува Путин ќе користи различна рута поради ова.
Сепак, за да се избегне патување преку Украина, руската делегација ќе мора да лета низ воздушниот простор на најмалку една земја членка на Европската Унија.
Сите земји од ЕУ се членки на МКС, иако Унгарија е во процес на напуштање на судот.
Трамп минатата недела изјави дека планира да се сретне со Путин во Будимпешта како дел од напорите за посредување за завршување на војната во Украина.
Меѓународниот кривичен суд, со седиште во Хаг, издаде налог за апсење на Путин во 2023 година, обвинувајќи го за воено злосторство i за нелегално депортирање стотици деца од Украина.
Русија не ја признава надлежноста на овој суд и ги негира обвинувањата.
Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан одржува добри односи со Русија, соопшти дека ќе обезбеди Путин да може да влезе во земјата за самитот и потоа да се врати дома.