Вашингтон: Средбата Путин – Трамп не е целосно исклучена

Средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин сè уште не е целосно исклучена, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Рече дека американската администрација и претседателот Трамп се надеваат дека таков состанок може да се случи повторно еден ден, но сакаат од него да излезе опиплив и позитивен резултат.

Трамп сака да види конкретни акции од Русија кон постигнување мир, а не само зборови, и е сè повеќе фрустриран од сегашниот тек на настаните, порача Ливит.

Додаде дека од Трамп зависи дали ќе воведе дополнителни санкции врз Русија

Back to top button
Close