Милан се спаси од пораз од Пиза

Фудбалерите на Милан синоќа испуштија шанса да ја зголемат предноста на врвот на табелата на Серија А откако одиграа 2:2 со Пиза на домашен терен. Ова беше прв натпревар од осмото коло.

Екипата на Милан поведе на почекот на натпреварот со голот на Рафаел Леао. Гостите од Пиза со головите на Хуан Квадрадо од пенал и на М’Бала. Голот за еден бод и избегнување пораз „росоњерите“ го постигнаа во 90+3 минута, кога на асистенција на Лука Модриќ резервистот Захари Атекаме ги постави конечните 2:2.

Милан остана лидер со 17 бодови, а Пиза која нема победа со 4 бодови е на 18.место на табелата.

Back to top button
Close