ВРЕДИ со нови повици за етничко гласање во вториот круг

На социјалните мрежи се појави видео каде кандидатот за градоначалник на ВРЕДИ во Брвеница во вториот круг – Хаким Рамадани кој доаѓа од партијата на Изет Меџити порачува дека заедно со кандидатите на ДУИ бараат гласови за сите општини каде во втор круг се тркаат Македонци и Албанци, за како што вели да ја одбранат татковината и да покажат кој е газда во доминантно албанските општини.
Од Владата коментираат дека нивниот став е јасен.
„Ние сме за обединување околу вредности наместо околу етнички прашања и теми кои предизвикуваат поделби. Тоа го очекуваме од сите зрели политички фактори затоа што секое спротивно однесување е слично од тоа на ДУИ кои беа жестоко поразени“ пишува тв24.
Барање за реакција од институциите стигна и Сојузот на борци.
– Изјавите на Билал Касами, Хаким Рамадани, Енвер Пајазити и останати во кои повикуваат на етничко обединување и гласање против Македонците, одбрана на територии и слично се ретроградни, опасни и нанесуваат непоправливи штети. Секоја педа земја е македонска и на неа право има македонската држава која е дом на сите граѓани – се вели во реакцијата.
Етничко гласање во вториот круг најави лидерот на Беса и кандидат за градоначалник на Тетово – Билал Касами.






