Продолжува „црната серија“ на Ливерпул во Премиер лигата
Актуелниот првак на Англија Ливерпул претрпе нов пораз откако синоќа загуби од Брентфорд на гости со 3:2. Ова е четврти пораз за „црвените“ во серија (Кристал Палас, Челзи, Манчестер Јунајтед и Брентфорд) и по серијата од пет победи на стартот останаа на 15 бодови. Последната победа Ливерпул ја извојува на 20.септември против Евертон на домашен терен.

На дуелот се Брентфорд домашните поведоа со 2:0 со головите на Уатара и на Кевин Шаде, но на полувреме беше 2:1 откако Милош Керкез постигна гол во судиското надополнување на првиот дел.
Во второто полувреме Игор Тиаго со удар од белата точка го зголеми водството во 60.минута. Конечните 3:2 ги постави Мохамед Салах во 89.минута. До крајот на дуелот Ливерпул не успеа да изедначи.
Попладнево ќе се одиграат пет натпревари од 9.коло од Премиер лигата: Арсенал – Кристал Палас, Астон Вила – Манчестер Сити, Борнмут – Нотингем Форест, Вулверхемптон – Барнли и Евертон – Тотенхем.
Лидер на табелата е Арсенал со 19 бодови, пред Сандерленд со 17, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед имаат по 16.





