Рубио вели дека САД разгледуваат опции за распоредување меѓународни сили во Газа
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон ја истражува можноста за резолуција на ОН или меѓународен договор за распоредување мултинационални мировни сили во Појасот Газа, а прашањето денеска ќе се дискутира во Катар.

„На многу од земјите што изразија интерес за учество на некое ниво – без разлика дали е финансиски, човечки ресурси или и двете – ќе им треба тоа (резолуција на ОН или меѓународен договор), рече Рубио во својот авион на пат од Израел до Катар.
„Имаме цел тим што работи на ова“, додаде тој.





