Пожар во камп приколка, грабеж и исчезнато лице – полициски билтен за Скопје

Во полицискиот билтен на Министерството за внатрешни работи се евидентирани неколку инциденти на подрачјето на Скопје – пожар, физички напади, нарушување на јавниот ред и мир и пријавено исчезнато лице.

Вчера, околу 17:20 часот, во камп приколка поставена на нива во атарот на селото Долно Лисиче, во која престојувал В.Н. (68), избувнал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Ноќеска околу 00:37 часот, 40-годишниот Н.И. од Скопје пријавил дека два дена претходно, на 24 октомври околу 21 часот, на подрачјето на Бит Пазар, бил нападнат од неколку машки лица кои со употреба на физичка сила му одзеле чанта со документи, мобилен телефон и пари. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 08:05 часот, 32-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 06:30 часот, во нејзиниот дом во Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер, 31-годишниот М.Т. од Скопје.
По документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок до надлежните органи.

На 25 октомври во 22 часот, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17 часот, на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, кои таа ги познавала, додека трето лице го снимало нападот со мобилен телефон. Полицијата работи на утврдување на идентитетот на лицата и расчистување на случајот.

На 25 октомври околу 18:30 часот, по претходна сообраќајна несреќа во селото Средно Коњари (општина Петровец), бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу шест лица. Во инцидентот учествувале Ш.М. (47) од една страна и А.Ќ. (38), Е.Ќ. (62), А.Ќ. (71), И.Ќ. (54) и А.Ќ. (26) од другата. При пресметката бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат кривични пријави.

На 25 октомври во 12 часот, во Полициската станица Карпош, 69-годишниот И.Т. од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга А.Т. (54), која имала здравствени проблеми и и претходно се оддалечувала, по што била пронајдена и вратена.
Полицијата презема мерки за нејзино пронаоѓање.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close