(Видео) Стевчо на коленици ме молеше да го подржиме на минатите избори. Тој е измамник и осуден криминалец гласајте за другар ми Сотир им порача Мицковски на карпошани
Мицкоски денеска на средба во ОК на ВМРО ДПМНЕ во Карпошзборуваше за актуелниот градоначалник на општината, Стевчо Јакимовски.
– Никогаш порано не сум зборувал за тоа каде ни се разотидоа патиштата со Стевче Јакимовски кој беше дел од нашата коалиција, но мислам дека денес е добра можност да кажам некоја реченица за тоа. Ќе се вратам на таа 2021 година, пред 4 години. После првиот круг на локалните избори, дојде ненајавен, исплашен, во паника и нормално го примив. Велам што е работата Стевче? Вели „те молам ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка“. Јас го гледам и велам „немој, непријатно ми е, сепак си човек во години, не ти личи вакви работи, те молам седни на столчето, дај напиј се вода, ќе разговараме, да видиме како можеме да помогнеме, сепак сме коалиција, ние првиот круг победивме“. „Не, те молам пак ќе клекнам, што треба ќе направам, само да ме поддржите, вели народ може да те оправда, да те обели. Само народ може да ме обели да победам на избори и ништо не ми треба после.“ Велам „Стевчо, имам едно барање до тебе, сè друго те разбирам само те молам да нема бетонизација за Карпош, уморни се карпошани.“ Вели „не ме интересира ништо само народ да ме обели.“ Заврши состанокот, се вклучивме целото раководство во кампања, тој стана градоначалник. Поминаа неколку дена отидов да му честитам и ми вели дојди да ти покажам, една голема маса, кој бил знае, ги наредил сите детални урбанистички планови, 30 на ред и вика бирај. „Што да бирам“, му велам, „Па кои се за тебе“. „Чекај Стевчо, нели беше кај мене во кабинет нели молеше да те поддржиме да застанеме зад тебе нели рековме нема бетонизација.“ А вели „не тоа, јас морам да живеам од нешто.“ Го погледнав, само му се заблагодарив, „не, благодарам за ова од мене немаш поддршка и со заминав“ – истакна Мицкоски.
После тоа следувале напади кон родител на Мицкоски, па кон неговата сопруга, како и навреди кон двата сина.
– Ете за каква личност станува збор. Сакав ова да го кажам за да знаат карпошани со кого имаат работа. Но времето на овој итрец завршува. Сакам да ги потсетам карпошани дека станува збор за човек кој се наоѓа на црната листа на САД за криминал. Затоа ве повикувам на 2 ноември масовно да излеземе и да гласаме за Сотир, да го заокружиме бројот 9 – повика Мицкоски.






