Советник на Касами му одговори на Мицкоски: Нема да дозволиме тие да одлучуваат за нас, ќе победиме со уште повеќе албански гласови и ќе ја зајакнеме албанската позиција!

Кампањата за Тетово секој ден станува сè потензична, додека таборот на Билал Касами се чини дека ја губи смиреноста пред тесната трка со кандидатот на AКИ, Бајрам Реџепи.
Советник на Касами, Берат Азизи со навреди кон Македоцните му одговори на Мицкоски посочувајќи дека нема да дозволат тие (Македонците) да одлучуваат за нас, ќе победиме со уште повеќе албански гласови и ќе ја зајакнеме албанската позиција.
„Битката за Тетово се заострува и веќе влезе во последната фаза. Од едната страна стои Билал Касами со водство од близу 4 илјади гласови, а од другата страна Бајрам Реџепи од АКИ. Но, сега се поставува прашањето зошто ДУИ, бидејќи кандидатот е од оваа партија, инсистира на гласовите на порадикалната партија Левица, која во првиот круг имаше 3 илјади гласови. Коалицијата со Левица, мислам, би произвела катастрофален епилог за самата АКИ, која од друга страна ги обвинува поддржувачите на ВАЛЕН дека наводно ја имаат поддршката од ВМРО. Но, последните изјави на Мицковски, фрустриран од големата поддршка што ја имаше Касами во првиот круг, дека нема да го поддржи Касами во вториот круг, јасно докажуваат дека вториот ќе има уште повеќе албански гласови во Тетово.
Граѓаните нема да дозволат ниту Апасиев ниту Мицковски да одлучуваат за нас, туку НИЕ самите. Затоа, поддршката што Касами ја бара од граѓаните на Тетово има врска со два многу важни елементи, како на локално, така и на национално ниво. Од локален аспект, таа нема да биде условена од никаков глас на македонските советници, додека во националниот аспект ќе има моќ да побара реформа и зајакнување на албанската позиција. Нема да зборувам за делата и проектите бидејќи тоа се работи што ги гледаат и оценуваат самите граѓани“ напиша Берат Азизи.







