(Фото): Утрово дрво падна пред влезот на основното училиште „Киро Глигоров“
Вистинска драма се одвивала утрово во скопската населба Капиштец, кога големо дрво паднало во непосредна близина на Основното општинско училиште „Киро Глигоров“.

Според очевидци инцидентот се случил на главниот влез, патека која ја користат ученици, наставници и вработени во училиштето. За среќа никој не е повреден.






