Двајца уапсени кај Арачиново – во автомобилот е најдена автоматска пушка

МВР информира дека вчера попладне во 16:20 часот на локален пат од село Арачиново кон село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ги лишија од слобода Ќ.И.(33) од Куманово и Е.И.(65) од с. Грушино.

При преглед на патничко возило „ауди“, кое го управувал Ќ.И., а Е.И. бил сопатник, пронајдена е автоматска пушка и една рамка за пушката.

Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.

Back to top button
Close