(ВИДЕО)„Пливај додека чекаш автобус“: Пропаѓаат постојките од милион евра

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од уста не ја вадат реформата на јавниот градски превоз кој во времето на Данела Арсовска, што поради опструкции, што поради неспособност во менаџирањето, беше доведен на најниско дереџе.
Набавка на нови автобуси, нови линии, нови правилници и пари од ЕУ за проектот БРТ не може да ја сокријат неспособноста во одржувањето на возилата и автобуската инфраструктура.
Најголем доказ за тоа се автобусите набавени пред 12-13 години кои се пред распаѓање и автобуските постојки низ Скопје кои пливаат во вода.
Повеќе од 10 години поминаа откако беа поставени новите автобуски постојки во Скопје, но некој од мајсторите се „досетил“ да направи еден вид на базен за да не може граѓаните да чекаат под стреа додека силно врне.
Нови 226 автобуски постојки од три типа беа поставени во Скопје во зависност од фреквенцијата на сообраќај, патници, како и од потребите за рекламни паноа.
Автобуските постојки содржат настрешница, клупа за седење, информативна табла и канта за отпадоци. Клупите за седење се наменети за три лица, а се изработени од перфориран челик. На задниот дел од автобуските постојки има поставено сигурносно стакло, 10 милиметри.
Вредноста на овој проект беше околу 60 милони денари или милион евра.
Тогашниот директор на ЈСП „Скопје“ Мишо Николов посочи дека проблемот со автобуските постојки граѓаните постојано го истакнувале и додаде оти сега ќе може пристојно да се чека автобус.
Орце Костов фокус мк






