ВЛЕН обвинува дека Левица побарала затворање на џамии и ограничување на правата на Албанците

„Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово.
Фотографијата што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт“, велат од коалицијата ВЛЕН преку соопштение.

Оттаму додаваат дека Левица е партија, која, како што велат, „јавно ги навреди Албанците, се изјасни против независно Косово, се спротивставува на членството во НАТО, побара затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците“.

-И денес, НАИ седи на маса со нив, за валкан изборен договор. Ова не е политика, ова е срамна зделка. Ова не е стратегија, ова е морален колапс.

Сега на секој граѓанин му е јасно: за да го задржат своето фотелја, тие се подготвени да се продадат на секоја сила што ги мрази Албанците.

Тетово, Дебар, Струга и секоја албанска општина треба да знаат, на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. Додека ВЛЕН, со својот кандидат Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот свој тим, претставува достоинство, развој и иднина, тврдат од ВЛЕН.

Според коалицијата составена од неколку партии од албанскиот блок, „Албанците не се пазарат со оние што ги навредиле и Албанците не се продаваат“.

Back to top button
Close