Жители од Крушево информираат: опсада, институционален притисок и злоупотреби во режија на ВМРО-ДПМНЕ*

Жители од Крушево информираат дека овие денови градот е под вистинска опсада, со сериозни притисоци, закани и уцени врз граѓани и бизниси, спроведени преку државни институции.

Според нив, Управата за јавни приходи со повеќе инспекции врши масовно казнување на мали и семејни бизниси, а потоа инспекторите сугерираат дека „помош“ можат да добијат ако се обратат кај ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера, ваквите притисоци биле насочени кон селото Норово – место каде што кандидатот на СДСМ има голема поддршка од граѓаните.

Денес ситуацијата кулминирала со доаѓањето на премиерот Христијан Мицкоски, придружен од ергела државни функционери меѓу кои Љупчо Бубаќоски од Шумска полиција, Методија Котевски од ПИОМ, Зоран Николоски од Спомен-куќата на Тоше Проески, како и директорите на Здравствениот дом и Центарот за социјални работи.

Граѓаните прашуваат: дали овие луѓе се платени да им служат на сите или да работат во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?

Законски недозволиво е избрани и именувани лица, вршители на јавни функции да учествуваат на ваков начин во изборна кампања, злоупотребувајќи ги државните институции.

Злоупотребата на јавни функции за партиски цели е строго забранета.

Back to top button
Close