Давкова присуствуваше на свечена вечера кај Макрон по повод Парискиот мировен форум
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова вчеравечер присуствуваше на свечена вечера организирана од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.

Во пријатна атмосфера, Силјановска-Давкова и другите присутни воделе разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир.
„Само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите“, порача претседателката преку својата објава на Твитер.






