Средба Трамп-Ши: Царините за Кина намалени, Пекинг мора да извезува ретки метали, а да увезува соја од САД
Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Ши Џинпинг на денешната средба се договориле САД да ги намалта царините за Кина, но земјата ќе треба да продолжи со увоз на соја од САД и извезува ретки метали.

Според Трамп средбата во јужнокорејскиот град Бусан, била многу успешна.
„Мислам дека средбата беше неверојатна“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион, откако замина од Бусан.
Тој рече дека царините наметнати на кинескиот увоз за фентанилот ќе видат намалени од 20 на 10 отсто. Двајцата лидери разговарале и за пристап на Кина до чиповите на Енвидија, но американскиот претседател нагласил дека нема да дозволи извоз на најнапредниот чип Блеквел.
„Ши ќе работи многу напорно за да го запре протокот на фентанил, смртоносен синтетички опиоид кој е водечка причина за смртни случаи од предозирање во Америка“, рече Трамп.
Светските берзи од Волстрит до Токио достигнаа рекордни максимуми пред состанокот, со надеж за пробив во трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот, која ги преврте синџирите на снабдување и ја потресе довербата во глобалниот бизнис.
Состанокот меѓу Трамп и Ши, кој се одржа на маргините на самитот на АПЕК), траел речиси два часа.
Трамп постојано зборуваше за можноста за постигнување договор со Ши, откако американските преговарачи во неделата изјавија дека се договориле за рамка со Кина што ќе избегне 100 отсто американски царини за кинески стоки и ќе постигне одложување на ограничувањата на Кина за извоз на ретки метали, сектор во кој таа доминира.






