Призма – ДКСК ќе проверува дали „Систина“ е донатор на Лукровски

Кандидатот ветува поволности во приватната клиника

Државната комисија за спречување корупција отвори предмет за кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ветува поволности за жителите на таа општина во болницата „Аџибадем Систина.“

Антикорупционерите, за БИРН, велат дека она што тие може да го испитаат е дали приватната болница е донатор на неговата кампања.

Според Изборниот законик, фирми може да финансираат кампања во износ до 30 илјади евра, а како донација се сметаат не само пари туку и  давањето бесплатни услуги на учесникот во изборната кампања.

„Несомнено, настанот претставува активност во рамки на изборната кампања на кандидатот, која се одвивала во правно лице во приватна сопственост, користејќи услуги и капацитети на истото“, наведуваат од ДКСК.

Според досега објавените извештаи за финансирање на кампањата, оваа компанија не е меѓу тие што ѝ дале пари на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат е Лукровски.

Лукровски, во последната недела од кампањава, ветува дека ако тој стане градоначалник, секој месец, по 10 жени над 50 години,  во следните четири години ќе може бесплатно да направат преглед за остеопороза во „Систина“, која ја нарекува општествено одговорна компанија.

Целиот текст на  Призма мк

Back to top button
Close