Амар положил само 7 испити на факултет, тврди ВМРО-ДПМНЕ

„Левичарите од Али Експрес како Димче Апасиев и Амар Мециновиќ, па дури и целото раководство од президиумот, си измислуваат лажни приказни во кои само тие си веруваат и мислат дека и народот ќе им верува“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Откако јавноста виде со какви луѓе располага Левица, од типот на Амар Мециновиќ, човек кој лаже дека е дипломиран, а има положено 7 предмети на факултетот на кој е запишан, човек кој не знае колку јавни претпријатија има градот Скопје, човек кој не знае колку средни училишта има во градот Скопје, човек кој не си ги знае булеварите низ градот, ниту пак проектите кои му се во програмата, посегна по глумење на жртва и ширење на лажни вести низ медиумскиот простор.

Back to top button
Close