Без струја дел од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош
Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија.

Во периодот од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 поточно влез 2 од зградата т.н. Пегла во општина Кисела Вода, а од 09 до 10 часот корисниците од Новоселски пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. во општина Ѓорче Петров.
Од 09 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. во општина Карпош
 
					





